МТК сака да го купи Влатко Стојановски

Унгарскиот прволигаш МТК од Будимпешта сака да го купи напаѓачот на Ренова, Влатко Стојановски. Преговорите се веќе отпочнати и МТК притиска трансферот да се комплетира до крајот на зимскиот преоден рок во Унгарија кој трае уште два дена.

Сепак, понудата за Ренова доаѓа пред самиот старт на пролетниот дел од шампионатот во Македонија. Раководството размислува дали да му дозволи на најдобриот фудбалер да си замине во пресрет на продолжението од првенството, или пак заминувањето на голгетерот да се одложи за летниот преоден рок.

Влатко Стојановски има договор со Ренова до декември 2019 година, а за него постои интерес и од клубови од Полска и од Норвешка.

Се вчитува...