МТК зимоска одбил 2 милиони за Миовски, сега го продал за 623.000 евра

Само еден ден по трансферот на Бојан Миовски во Абердин, Шкотланѓаните откриваат детали околу сумата која шкотскиот клуб ја платил. „Скотсман“ пишува дека Абердин на МТК му платил 536.000 фунти, или околу 623.000 евра за трансферот на напаѓачот на македонската репрезентација.

Како што јавува изданието, МТК уште зимоска можел да го продаде Македонецот за трипати поголема цифра, но наводно одбиле 2 милиони евра од шпанскиот тим Гранада. Исто така некои медиуми јавија дека и Фрајбург бил заинтересиран да го донесе во своите редови.

Миовски вчера потпиша четиригодишен договор со Абердин. Тој имал понуди и од водечките унгарски клубови, но се решил за нов предизвик.

Тренерот на клубот, пак, искажа само пофални зборови за него.

„Тој е класична деветка. Многу подвижен, многу добар физички. Има око за гол. Но, може да игра на сите позиции во нападот. Немаше да го земеме да не беше поддршката од раководството. За него во јануари беа одбиени неколку добри понуди. Јас бев среќен што во февруари уште беше достапен, и сега ја искористивме таа можност“, рече Џим Гудвин.

Се вчитува...