Му даде два гола на Ливерпул и сега е пред трансфер во Милан

Напаѓачот на српскиот првак Црвена Звезда, Милан Павков, се наоѓа пред трансфер во италијанскиот калчолигаш Милан. Тој метеорски се вивна во европската фудбалска орбита со двата гола што ги постигна против Ливерпул во Лигата на шампионите, носејќи сензационален триумф (2-0) за „црвено-белите“. По неверојатниот настап против европскиот вицепрвак, животот на Павков комплетно се промени.

Робусниот напаѓач стана миленик на навивачите, а влезе и во нотесите на скаутите на големите европски клубови. Прв реагираше Милан и сака да го доведе на „Сан Сиро“ веќе во зимскиот преоден рок. Италијанските медиуми најавуваат дека „росонерите“ се подготвени да платат 5 милиони евра за да го купат Милан Павков.

Се вчитува...