Му даде гол на Милан, па потпиша за „росонерите“ за пет милиони евра

Милан комплетираше уште еден трансфер, откако ги договори сите детали за Јенс Петер Хауге да стане дел од тимот на Стефано Пиоли. Станува збор за 20-годишен норвешки суперталент, кој одигра импресивен меч за Бодо Глимт токму против Милан во квалификациите за Лигата на Европа.

Тој постигна прекрасен погодок, но имаше и уште неколку извонредни акции, со што го привлече вниманието на челниците на Милан. Паоло Малдини веднаш по натпреварот ги почна преговорите со Бодо, за конечно да договори висината на трансферот да изнесува пет милионие вра. Крилниот офанзивец денеска пристигна во Милано, каде по минувањето на лекарските прегледи ќе биде промовиран во најново засилување на „росонерите“.

Одличните игри на Хауге придонесоа овој 20-годишен фудбалер да биде прекомандуван во сениорската репрезентација на Норвешка пред завршницата од Лигата на Нации. Хауге имаше извонредна сезона во дресот на Бодо до овој трансфер, постигнувајќи 14 гола и девет асистенции на 17 средби во сите натпреварувања.

Се вчитува...