Му пресуди Македонец: ЦСКА Москва му врачи отказ на Емил Рајковиќ

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ повеќе не е тренер на ЦСКА Москва, потврди рускиот гигант. Отказот за 45-годишникот доаѓа по поразот од Уникс Казањ во натпревар во кој блесна нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигнувајќи 40 поени, 9 асистенции и 6 скокови.

Рајковиќ со заминувањето изрази благодарност до претседателот на клубот, Андреи Ватутин, помошниците, играчите и навивачите на ЦСКА Москва.

„Сакам да ја искажам мојата благодарност до ЦСКА Москва и претседателот Андреи Ватутин за непрекинатата соработка и довербата која ја покажа кон мене и ми дозволи да предводам еден од најуспешните тимови во историјата на европската кошарка. Во овие две години забележавме многу победи и многу убави моменти кои ќе ги паметам вечно. Сакам да им се заблагодарам и на моите помошници, играчите и секако навивачите на ЦСКА Москва кои ни даваа непроценлива поддршка на секој натпревар. Искрено се надевам дека промената на тренерското место ќе направи и промена на подобро во тимот и со враќањето на Каспер Вер ќе биде исполнета и целта – освојување на титулата“, изјави Рајковиќ.

Рајковиќ го превзема трофејниот руски состав летото 2022 година и во првата сезона успеа да постави нов рекорд по бројот на победи (30) и бројот на победи во низа (24) во регуларниот дел од сезоната, но остана покус во плеј-офот каде ЦСКА Москва претрпе полуфинална елиминација од Локомотив Кубањ, но го освои бронзениот медал со триумф над Зенит.

Пред ЦСКА Москва, македонскиот стратег ги предводеше Фени Индустри, Работнички, Сласк, МЗТ Скопје, Стал, Астана и Автодор.

Заменикот на Рајковиќ е веќе познат, тоа е грчкиот стратег Андреас Пистолис кој во минатот беше помошен терен на Жељко Обрадовиќ, како и на Димитрис Итудис во ЦСКА Москва.

Се вчитува...