Му пропадна трансферот во Јунајтед, па потпиша нов договор

Едерсон требаше да биде првото засилување на Манчестер јунајтед летово, беа договорени сите детали со Аталанта, но Бразилецот имаше проблеми на лекарските прегледи, по што „црвените ѓаволи“ се премислија и решија да го доведат Сантош како ново засилување на позицијата последен играч за врска.

Челниците на Аталанта веднаш изразија подготвеност да го задржат овој одличен фудбалер во Бергамо, беа почнати преговори за продолжување на соработката, по што Едерсон денеска го стави потписот на новиот договор, со важност до јуни 2031 година.

„Од првата сезона 2022/23 тој веднаш се наметна како еден од лидерите на тимот и омилените фудбалери меѓу навивачите и стручниот штаб. Едерсон во досегашните четири сезони има 180 настапи за Аталанта, постигнувајќи 16 гола и 6 асистенции, бројки што ќе пораснат во наредниот период. Целата управа на Аталната и сите во клубот му посакуваат на Еди многу среќа во продолжението на авантурата во дресот на Аталанта“, се вели во соопштението на калчолигашот од Бергамо.

Се вчитува...