„Му реков на Бензема, ќе гледаш ТВ во хотел, којзнае што ќе беше ако не дојдеше масерот…“

Карим Бензема повторно беше херој на Реал Мадрид, предводејќи го „кралскиот клуб“ до убедлив триумф од 1-3 на гостувањето против Челси и трасирајќи си го патот кон полуфиналето од елитното европско натпреварување.

Тренерот Карло Анчелоти е горд на својот голгетер, но италијанскиот стратег обелодени и дека лесно можело да се случи воопшто да не настапи на синоќешниот дуел, откако во хотелот во Мадрид ја загубил акредитацијата за влез на стадионот.

„Бензема ми дојде во хотелот и ми кажа дека ја загубил акредитацијата. Му реков дека правилата се јасни, дека без акредитација нема да може да влезе на стадион и дека ќе мора да го гледа мечот на ТВ во хотел. Којзнае што ќе се случеше ако не дојдеше масерот, кој случајно ја нашол акредитацијата на Карим. На крајот се се заврши добро. Што се однесува до фудбалските квалитети на Бензема, сите видовте колку е фантастичен на теренот, немам што да додадам“, прокоментира Карло Анчелоти.

Се вчитува...