Му „светна“ на Вардар: УЕФА го укина финансискиот фер-плеј за следната сезона

УЕФА одлучи да го „замрзне“ финансискиот фер-плеј како еден од условите за добивање лиценца за настап во европските купови за следната сезона. Сето ова поради пандемијата на коронавирусот која дефинитивно влијае и на финансиските показатели на клубовите.

Ова е одлична вест за лидерот на табелата во македонскиот шампионат Вардар, кој минатата сезона не настапи во Европа токму поради неодобрена лиценца, и тоа за неисполнување на условите од финансискиот фер-плеј.

На денешниот состанок преку видео – врска што претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ја имаше со претставниците на 55 земји членки, донесени се нови одлуки за доигрување на националните првенства до крјаот на јули и почетокот на август, за кога се планираат и натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Исто така одложени се баражите во Лигата на нации за пласман на ЕП, кои според новиот план треба да се одиграат во септември.

Се вчитува...