Мукаетов: Да добиеме група во Австрија за да имаме поголема поддршка

Очигледно задоволен по првата позиција во квалификациската група беше  претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Муакетов. Според него комбинираниот состав од повеќе генерации играчи дава добар резултат, пред ждрепката посакува да добиеме група во Австрија поради поголемата поддршка од навивачите.

„Големо задоволсто е да се биде на чело на ваква федерација со ваква репрезентација, среќен сум дека комбинацијата на исусни и помлади играчи во нашиот состав дава резултат. Немам посебна желба околу противниците затоа што имаме потенцијал и квалитиет да играме со секого. Би сакал да играме во Австрија затоа што така ќе имаме поголема поддршка од навивачите кои секаде доаѓаат со нас“ – вели Муакетов.

 

Се вчитува...