Муамед Сејдини на Конгресот на УЕФА: Донесена стратегијата на УЕФА – Обединети за успех 2024-2030!

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини ја предводи македонската делегација на Конгресот на УЕФА кој се одржа во Париза на кој беше одобрена Стратегијата на УЕФА 2024-2030 – „Обединети за успех“.

Стратегијата обезбедува јасна насока и патоказ за раководење и на УЕФА и на пошироката европска фудбалска заедница и е насочена кон зајакнување на местото на фудбалот во секоја заедница ширум Европа, притоа зачувувајќи ја интегралната врска помеѓу фудбалот од грасрут и елитните натпреварувања.

Се заснова на седум клучни вредности: почит, еднаквост, правичност, отвореност, единство, интегритет и извонредност.

Систем за дистрибуција на приходи од машки клупски натпреварувања на УЕФА 2024-27

Комитетот го одобри деталниот систем за распределба на приходите за машките клупски натпреварувања на УЕФА 2024-2027 година. Од проектираниот праг од 4,4 милијарди евра: 10% (440 милиони евра) се распределуваат за солидарност со 7% (308 милиони евра) за клубовите кои не учествуваат и 3% (132 милиони евра) за клубовите од квалификациските рунди. Покрај тоа, 25 милиони евра се резервирани за УЕФА Лигата на шампионите за жени и УЕФА младинската лига. Нето износот (по одбивањето на трошоците, солидарните исплати и исплатите на други натпреварувања) се дели помеѓу клубовите – учеснички (93,5%) и УЕФА (6,5%). Од вкупната сума достапна за дистрибуција на клубовите учесници (3,317 милијарди евра), 2,467 милијарди евра (74,38%) ќе бидат распределени на клубовите кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите на УЕФА (и во Суперкупот на УЕФА), 565 милиони евра (17,02%) ќе бидат дистрибуирани до клубовите кои се натпреваруваат во Лигата на Европа на УЕФА и 285 милиони евра (8,60%) до клубовите во Конференциската лига на УЕФА.

Конгресот на УЕФА во 2025 година ќе се оддржи во Белград. Главниот град на Србија беше избран за место за одржување на 49-тиот редовен конгрес на УЕФА на 03. април 2025 година.Следниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА е закажан за 22 мај 2024 година во Даблин, Република Ирска.

Се вчитува...