Муани не може да преболи: Шансата од финалето на СП ќе ме прогонува цел живот

Коло Муани продолжува да ги тресе противничките мрежи во дресот на Ајнтрахт, но францускиот голгетер никако не може да ја преболи мундијалската шанса во 120. минута од големото финале, кога излезе очи в очи со Мартинез, но не успеа да го совлада аргентинскиот голман.

По тоа промашување финалето отиде во пенал-рулет што Французите го загубија, а Муани го доби епитетот – трагичар на „триколорите“.

„Искрено, се уште ме прогонува таа промашена шанса. Ја гледам по сто пати, ја знам акцијата на памет. Се присетувам, помислив – мора да шутираш сега. И шутнав силно кон првата статива, но голманот одлично одбрани. Имав и други опции, да го лобувам, или пак да го проиграм Мбапе, кој беше осамен лево од мене, но воопшто не го забележав во тој момент. Сега се е прекасно, тоа ќе ме прогонува цел живот“, разочаран е Коло Муани и два месеци по големото финале во Катар.

Се вчитува...