Реналд Коло Муани, францускиот напаѓач од редовите на Јувентус јавно ја изрази својата желба да биде дел од „страта дама“ на престојното Светско клупско првенство кое ќе се одржи во Соединетите американски држави.
Муани е позајмен играч од ПСЖ, но вели е пресреќен во Јувентус и би сакал да остане дел од тимот.
„Среќен сум во Јувентус. Моментално се подготвувам да настапам на Светското клупско првенство со овој тим“, изјави Муани.
ПСЖ и Јувентус се во активни преговори за продолжување за позајмицата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА