Мугуруза е победничка на ВТА завршниот турнир во Гвадалахара

Шпанската тенисерка, Гарбиње Мугуруза го освои ВТА завршниот турнир во Гвадалахара, Мексико. Таа во финалето славеше над Естонката, Анет Контевејт со 2-0, по сетови 6-3 и 7-5.

За Шпанката ова е прва титула од завршниот турнир, а во кариерата има титули и од Ролан Гарос и Вимблдон. За Естонката, Контевејт пласманот во финалето на турнирот е најголемиот успех во кариерата.

Во игра на парови титулата во Гвадалахара и припадна на чешката двојка, Барбора Крејчикова и Катарина Синиакова кои беа подобри од Сиех и Мертенс со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

Се вчитува...