Тренерот е „виновен“ за слабата форма на Мугуруза

Поранешната прва тенисерка на ВТА листата Гарбиње Мугуруза соопшти дека ја прекина соработката со тренерот Сем Самик. Шпанката изгуби во првото коло на Вимблдон од Беатриз Хадад Маја, што беше петти грен-слем во низа на кој учеството го заврши пред четвртфиналето.

„Сакам да ви соопштам дека дојде крај на неверојатниот пат на кој бев со Сем. Заедно освоивме два Грен-слема и бев прва на светот. Благодарна сум на последните четири години кои ги поминавме заедно“, накратко напиша Мугуруза. 

Мугуруза годинава има освоено само една титула, на ВТА турнирот во Монтереј, но поради лошата форма падна на 27. позиција на ВТА ранг листата.

Се вчитува...