Мугуруза ја прегази Шарапова за полуфинале на Ролан Гарос

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза на доминантен начин се пласираше во полуфиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос, совладувајќи ја Русинката Марија Шарапова со 2-0 во сетови (6-2, 6-1). Таа во следната рунда ќе игра со првата носителка Симона Халеп, која беше подобра од Анжелик Керебер со 2-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-2).

Мугуруза уште на самиот старт покажа дека е во подобра форма и успеа да го скрши отпорот на Шарапова.

Во второто полуфинале на женскиот дел од турнирот ќе се сретнатАмериканките Слоун Стивенс и Медисон Кис.

Се вчитува...