Мугуруза се повлече од турнирот во Сан Хозе

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза во последен момент го откажа настапот на турнирот во Сан Хозе (САД), кој има награден фонд од 800.000 долари. Таа пријави дека има повреда на десната рака непосредно пред дуелот со шампионката од 2010 година, Викторија Азаренка. Местото на Мугуруза го зазеде „среќната губитничка“ од квалификациите, Ана Блинкова, која загуби убедливо со 6-1, 6-0 од Азаренка.

Најдобрата на овој турнир од 2016 година, Јоана Конта, успешно мина во следната рунда откако ја совлада американската тенисерка Софија Кенин со 6-1, 6-4, по 70 минути на теренот.

 

Се вчитува...