Мухова е прва полуфиналистка на Ролан Гарос

Чешката тенисерка Каролина Мухова е првата полуфиналистка на вториот гранд-слем турнир во сезоната Ролан Гарос.

Мухова во првото четвртфинале во женска конкуренција славеше над Русинката и поранешна финалистка на турнирот, Анастасија Павличенкова со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-2.

Во полуфиналето Мухова ја чека подобрата од вториот четвртфинален турнир во кој се среќаваат шампионката од Австралија опен, Арина Сабалјенка и Украинката Елина Свитолина.

Се вчитува...