Мухова и Сабаленка во полуфиналето на УС Опен

Чешката тенисерка Каролина Мухова, и Арина Сабаленка од Русија се новите две тенисерки кои ќе играат во полуфиналето на УС Опен.

Мухова со 2-0 ја совлада Романката Кристеа во сетови 6-0 и 6-3. Немаше проблеми ниту Сабаленка во дуелот со Женг од Кина, која ја доби со 1-6 и 4-6 во сетови.

Мухова во полуфиналето ќе се сретне со Американката Гауф, додека Сабаленка во полуфиналето ќе ја чека подобрата од дуелот Вондрушова – Кејс кој е на програмата утре.

Се вчитува...