Мукаетов: Горди сме на овие момци, ќе бидат наградени со 700.000 денари

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов, денеска организираше средба со ракометните кадети, кои во Летонија го освоија златото на ЕХФ шампионатот, победувајќи ја Швајцарија во финалето со 24-22.

Мукаетов истакна дека Македонија е горда на овие момци, и им порача дека им претстои светла иднина.

„Горди сме на вас што ја вративме Македонија во елитата. Ви претстои светла иднина. Треба многу да работите, заедно да го градиме успехот. Ова е светска работа, ви благодарам“, им се обрати Мукаетов на младите ракометари.

Мукаетов додаде дека ќе побара овие ракометари да бидат наградени за успехот.

„Тука сме за вас како федерација, заедно да имаме успешна приказна. Ракометот е број 1 спорт во Македонија. РФМ ќе побара од управниот одбор ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари. Ви посакувам уште многу вакви резултати и успеси“, рече Мукаетов.

Се вчитува...