Мукаетов: Игрите во Каиро беа мачни за гледање, потребни се коренити промени

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во излагањето на почетокот од Собранието на „куќата на ракометот“ се осврна и на настапот на нашиот национален тим на СП во Египет.

Мукаетов не го криеше разочарувањето, не само од резултатите, туку пред се од игрите на „црвено-жолтите“, потенцирајќи дека селекторската смена била неминовна, како дел од коренитите промени што се неопходни.

„Со добивањето на повик во последен момент бевме подготвени и прифативме да учествуваме на СП 2021 во Египет, одржувајќи го континуитетот од настапи на големите натпреварувања. За жал, шампионатот го завршивме со една победа и пет порази, но многу повеќе од резултатскиот аспект боли однесувањето на одредени поединци кои националниот дрес. Она што се случи во Каиро беше мачно за гледање. Јасно е дека се потребни коренити промени, тоа е нов селектор со мобилизирање на сите домашни ресурси, ако има потреба и земање на помош од надвор, за унифицирање на ракометната стратегија во нашата држава“, изјави Мукаетов.

Се вчитува...