Мукаетов: Мораме да веруваме во нас, во Македонецот ако сакаме да успееме

Ракометниот клуб Алкалоид во иднина ќе настапува во салата во Автокоманда каде по целосно реновирање истата ќе биде база на „сино-белите“. Во култната сала суперлигашот ќе тренера и ќе игра суперлигашки натпревари, но на ова место ќе настапуват и младинските тимови и ќе се развиваат младите ракометари.

На промоцијата говореше и претседателот на Живко Мукаетов кој вели проектот продолжува по зацртаните цели и гради нешто добро за македонскиот спорт.

„Пред година дена започнавме проект на визија, важен за мак-ракометот, основна цел е да се регрутираат млади таленти кои ќе ги научиме на добри човечки вредности и да имаме раст на мак-ракометот. Основна идеја и цел е да го шириме нашиот проект. Почнавме пред една и пол година, но ова кое сега го гледате е едно прекрасно чувство на млади луѓе посветени на спортот. Посакуваме да изградиме систем во кој сите ќе се вклопат и човековите вредности и растот ќе бидат на прво место.

Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков. Кога ќе го постигнеме тоа, ќе може да кажеме дека тоа е тоа што треба. Градиме нешто добро за македонскиот спорт, за нашата држава Република Македонија, затоа што сметам дека тоа нешто е многу важно. Мора прво да веруваме во себеси, во тимот, во сите околу нас, мора да веруваме во Македонецот ако сакаме да направиме нешто како што треба“, изјави Мукаетов.

Се вчитува...