Мукаетов: Овие момци покажаа дека имаат квалитет и карактер, имаме сериозна иднина

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов ги искажа своите импресии од победата на Македонија над Чешка и пласманот на Светското првенство идната година во Полска и Шведска.

Мукаетов кажа дека е пресреќен за овој успех, и пред се е среќен што има обезбедена иднина за македонскиот машки ракомет.

„Пресреќен сум, овие момци покажаа дека имаат квалитет и карактер и дека имаме сеирозна идниниа во машкиот, и се надевам  во скоро и во во женскиот ракомет“, изјави Мукаетов.

Мукаетов кажа дека играчите покажале како се игра за својата држава.

„Тука сме уште повеќе да инвестираме во македонскиот ракомет и во македонскиот спорт, македонските играчи покажаа што значи да се има достоинство и како треба да се бориш за сопствената држава, што на крајот придонесе за овој успех“, рече Мукаетов.

Се вчитува...