Македонија вечерва ја очекува третата мундијалска пресметка против Гвинеја. Се очекува прв триумф на нашата репрезентација во прелиминарната фаза, и потоа пласман во следната фаза.
Пред натпреварот стигна поддршка од првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој истакна дека смената на генерација била тежок процес, но дека после 12 години се остава светол сигнал на патот за идните млади генерации.
„На ова Светско првенство, македонските ракометари, селекторот Лазаров и целиот стручен штаб имаат тешка задача: Да потврдиме уште еднаш дека и ние Македонците знаеме и можеме квалитетно и рамноправно да се носиме рамо до рамо и со најдобрите. Смената на генерација беше напорен и тежок процес, исто како и патот по кој се чекори и во континуитет се гради оваа репрезентација. После повеќе 12 години мандат во РФМ, со задоволство можам да кажам дека оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации. Да покажеме доблест и достоинство! За кого? За Македонија!“, напиша Мукаетов на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА