Мукаетов веднаш им честиташе на ракометарите, и со премија за триумфот над Данска

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, веднаш синоќа по мечот со светскиот шампион Данска им ја честиташе победата на македонските ракометари која во суштина значи и голем чекор напред кон пласман на ЕП 2022.

Мукаетов, притоа, ги информирал репрезентативците дека за големиот успех ќе добијат и премија во износ од 20.000 евра.

Ова е една од најголемите награди за само еден одигран натпревар која ќе оди кај црвено-жолтите момци. Македонија е многу блиску до ЕП 2022, и обезбедување континуитет секоја година на настапи на големите светски и европски натпреварувања по доаѓањето на Мукаетов на чело на Ракометната федерација на Македонија.

Се вчитува...