Мукаетов за Лазаров: Тој е професионалец од кој младите можат многу да научат

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров вечерва во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ја промовираше автобиографската книга „Секогаш на победа“. Покрај големиот број соиграчи сегашни и поранешни на Лазаров, на настанот беше и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Тој изјави деке Кире е вистински професионалец од кој младите треба многу да учат, но и дека му е мило што во моментите на негов врв на кариерата тие соработувале заедно.

„Имав среќа во овие осум години да работиме заедно. Факт е дека ни требаше малку да се воиграме, но почнавме да функционираме тимски. Тој е вистински професионалец и човек од кој младите ракометни генерации треба да учат буквално секоја секунда. Мило ми е што во моментите на негов врв на кариерата и максимална зрелост имавме можност заедно да соработуваме“, изјави Мукаетов. 

Се вчитува...