Мукаетов: Загрижени сме и за Металург исто како и за Вардар

Ракометот со години наназад е спорт број 1 во Македонија, но финансиските проблеми на главните клубови од изминатата деценија, Вардар и Металург, се причина за проблем. „Металурзите“ од година во година се повеќе го намалуваат буџетот, а сега и Вардар се наоѓа во незавидна ситуација, па се бара начин за одржување на нивото по кое европскиот првак е препознатлив во изминатите години.

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во разговор во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ апелираше дека е неопходно да се најде начин за да им се помогне на клубовите.

Не сме конкретно загрижено само за да се обезбеди финансиска основа за континуитет на еден така силен Вардар. Ние исто така не сме среќни со ситуацијата во еден Металург, клуб што е база на македонските ракометни селекции. Имаме водено конкретни разговори и апелираме да се најде форма со која би се помогнало“ – истакна Живко Мукаетов.

Се вчитува...