Мулаомеровиќ: И со Хендрикс и без него, наша цел е победа над Македонија

Косовските кошаркари се подготвени за утрешниот дуел против Македонија, а капитенот Дардан Бериша е оптимист дека оваа селекција слично како и лани ќе успее да го земе скалпот на нашиот национален тим.

Добро сме подготвени, максимално мотивирани, свесни за значењето на овој натпревар. Лани ја победивме Македонија, верувам дека пак ќе го сториме истото пред нашите гледачи. Имаме нов селектор кој одлично си ја врши работата и знае да ни го пренесе своето искуство. Македонците имаат одредени промени во тимот, но истото важи и за нас. Играме уште побрза кошарка од лани, така што ова ќе претставува судир на два различни стилови, но очекувам на крајот ние да се радуваме на победата“ – изјави Бериша, кој и на утрешниот меч ќе биде главно оружје на селекцијата на Косово.

Улогата на предводник на косовската репрезентација од минатиот месец ја презеде Дамир Мулаомеровиќ, кој своето деби на оваа функција ќе го има токму против Македонија.

Лично сум задоволен од начинот на кој се работеше во овие подготовки, кошаркарите максимално ги извршија задачите, трениравме со силен интензитет. Малку ја променивме филозофијата во играта и максимално сме подготвени за почетокот на овие квалификации. Македонија има многу добар состав, неодамна дознавме дека во тимот ќе го има и Хендрикс, но тоа не ја менува нашата цел, и со него и без него да ги совладаме Македонците“ – истакна Мулаомеровиќ.

Се вчитува...