Мулти Есенс е кадетски шампион на Македонија

Ракометниот клуб Мулти Есенс е шампион во кадетска машка лига на Македонија🇲🇰 за сезона 2022/2023.

Денеска во финалето на Ф4 во кадетската машка лига екипата на РК Мулти Есенс ја совлада екипата на РК Струга со 31-29.

Претходно во натпреварот за трето место РК Еурофарм Пелистер го совлада РК Голден АРТ со резултат 29-22.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН КАДЕТСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА:

1. РК Мулти Есенс
2. РК Струга
3. РК Еурофарм Пелистер
4. ЗРК Голден АРТ

Се вчитува...