Мулти Есенс во трилер меч подобар од Голден Арт

Ракометарите на Мулти Есенс стигнаа до голема победа во битката за опстанок во ракометниот шампион на Македонија откако денеска во првиот меч од плеј-аут фазата во Суперлигата славеа на гостувањето кај Голден Арт со минимални 23-24.

Натпреварот почна израмнето и се играше гол за гол некаде се до средината на првото полувреме кога домаќините успеаја да заиграат на ниво и на пауза да заминат со пристојни пет голови предност 16-11. Сепак, во вториот дел Мулти Есенс одигра неверојатно посебно во фазата на одбрана каде на противникот му дозволи само седум гола и на крајот успеа да стигне до конечен триумф од 23-24.

Давид Димевски со десет гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Христијан Милошески постигна седум гола.

Се вчитува...