Мундијалот во Катар ќе биде последен за многу фудбалски ѕвезди: Ди Марија најави заминување во пензија

Анхел Ди Марија ќе се пензионира од националниот тим по завршувањето на Светското првенство во Катар. Ди Марија, на натпреварот против Венецуела (3-0), постигна гол и забележа асистенција, по натпреварот ја објави својата одлука.

Ди Марија има 34 години, по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе го напушти ПСЖ. Неговиот соиграч од ПСЖ, Лионел Меси се уште размислува дали ќе остане во репрезентацијата и по Мундијалот.

„По завршувањето на Мундијалот ќе седнам и ќе размислам како понатаму. Дадов многу за мојата репрезентација, се надевам на успешен турнир, а после пак ќе зборуваме“, изјави Ди Марија.

Се вчитува...