Мурати: Загубивме многу бодови досега – мора триумф со Борец!

Шкендија во денешното 9. коло од Првата македонска фудбалска лига во обид повторно да се врати на победите по ремито на гостувањето со Струга ТЛ во претходното коло.

Мевљан Мурати е свесен дека тимот загуби многу бодови на стартот од новата сезона, па затоа не смее да се дозволи кикс против Борец денеска во Тетово.

„Максимално сериозно се подготвуваме за натпреварот со Борец. За нас е многу важно во овој момент да дојдеме до трите бода затоа што победата би ни донела дополнителен импулс за позитивни изданија на следните натпревари. Кога ќе земеме во предвид дека загубивме многу бодови досега јасно е дека за денешниот натпревар не можеме да размислуваме на ништо друго освен на победа“ – вели Мурати во изјава за официјалната интернет-страница на клубот.

ПРВА ЛИГА – 9. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ

Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

УТРЕ (15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...