Мурињо бира меѓу Реал и Интер?– Кога ве бараат поранешните клубови, тоа е голема работа

Жозе Мурињо го раскина договорот со Манчестер јунајтед , односно постигна спогодба и го доби  обесштетувањето од 15 милиони фунти. Сега Португалецот го очекуваат нови предизвици. Според едни информации тој е подготвен да се врати на клупата на Реал мадрид, ако Перез зимава донесе еден врвен стопер и еден напаѓач. Единствена пречка за враќањето на Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ може да биде капитенот Серхио Рамос и дел од соблекувалната која не е воодушевена од доаѓањето на Мурињо.

Како втора опција деновие се споменува и можноста Мурињо наместо во Реал да се врати на клупата на Интер.

„Тоа би било голема чест, но не сме преговарале. Кога ве бараат поранешните клубови, тоа е голема работа, значи дека се таправиле нешто добро. Ве викаат затоа што знаат дека вредите како личност“ – изјави Жозе Мурињо.

Се вчитува...