Мурињо до Погба: Ти си вирус на грип во затворена просторија

Отровната релација на Жозе Мурињо и на Пол Погба достигнала ново највисоко ниво тврдат британските медиуми објавувајќи што се му изнакажал менаџерот на францускиот репрезентативец во соблекувaлната по ремито 2-2 против Саутемптон во саботата.

„Ти не играш, не ги почитуваш соиграчите и навивачите. Го убиваш добриот менталитет на чесните луѓе околу тебе. Ти си како вирус на грип во затворена просторија. Го пренeсуваш вирусот на сите околу тебе“ – беснеел Мурињо по натпреварот, тврдат инсајдерските инфромации.

Мурињо и Погба имаат специфичен однос уште од доаѓањето на Французинот на „Олд трафорд“ во 2016 година за тогaш рекордни 100 милиони евра. Пред извесно време, менаџерот му ја одезе на Погба заменик-капитенската позиција, а освојувачот на светската титула ја критикуваше тактиката на португалскиот стратег.

 

Се вчитува...