Мурињо две години го „плукаше“, па му даде плата од 195.000 фунти неделно

Манчестер јунајтед денеска објави дека е постигнат договор за продолжување на соработката со Лук Шо, кој и во следните пет сезони ќе продолжи да го носи дресот на „црвените ѓаволи“. Претходниот договор на левиот бек истекуваше на крајот на сезонава, што му овозможи на Шо добро да се испазари во преговорите, па и да добие неверојатна плата од 195.000 фунти неделно за наредните пет години.

Ваквиот исход е изненадувачки ако се знае дека Жозе Мурињо во претходните две сезони во бројни наврати јавно го критикуваше 23-годишниот дефанзивец за слаби игри и недоволно залагање. Сепак, добрите настапи на стартот од оваа сезона придонесоа „специјалниот“ да го промени својот став за Шо и да се почне нова рунда преговори за продолжување на соработката.

Понудата од речиси 200.000 фунти неделно беше премногу добра за да биде одбиена, па Шо денеска и официјално го стави својот потпис на новиот договор, отстранувајќи ги сите дилеми околу иднината.

Се вчитува...