Мурињо е пред промоција на клупата на ПСЖ!?

Португалскиот стратег Жозе Мурињо очигледно ја пронајде својата следна фудбалска дестинација. Како што пренесуваат француските медиуми, во следните денови се очекува и официјална промоција на Мурињо на клупата на францускиот гигант Пари Сен Жермен.

Мурињо преговорите со Насер Ал Келаифи ги почнал уште од јануари, за да бидат заокружени изминативе денови. Според најавите, Португалецот од 1. јуни треба да седне на клупата на ПСЖ.

Останува да се види дали најавите ќе бидат реализирани, со оглед на тоа што и актуелниот тренер постојано информира за негово останување во клубот без разлика на бројните шпекулации за негова смена. Мурињо изминатиов период во неколку наврати изјавуваше во јавноста дека го почитува ПСЖ и целиот негов проект, потенцирајќи дека е клуб кој може во иднина да има големи успеси на европската фудбалска сцена.

Се вчитува...