Мурињо: Еден состанок беше доволен да сакам да дојдам во Рома

Преселбата на Жозе Мурињо во Рома е вест број 1 во фудбалска Европа во текот на денешниот ден. Португалецот пред само неколку седмици доби отказ во Тотенхем и се очекуваше да мине извесно време надвор од фудбалот.

Сепак, како што тој самиот изјави денеска, плановите се промениле по состанокот што го имал со раководството на клубот.

„Само еден состанок беше доволен да сакам да дојдам во Рома. Се сретнав со газдите на клубот, веднаш ја разбрав нивната амбициозност, се препознав дека можам да бидам дел од успешен проект. Знам колкава страст имаат навивачите на Рома, тоа беше една од причините поради кои без многу размислување ја прифатив понудата. Едвај чекам да почне новата сезона“, изјави Мурињо.

Се вчитува...