Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги искажа своите очекувања пред вечерашното финале во Лигата на Европа против Севилја кое ќе се игра во Будимпешта.
Португалецот кажа дека за разлика од Рома, за Севилја финалињата во Лигата на Европа се нешто вообичаено. Тој кажа дека традицијата ја почитува, но историјата дека не игра голема улога.
„За разлика од противникот кој дојде тука од Лигата на шампионите, ние поминавме долг пат. Минавме 14 меча за да бидеме тука и го заслужуваме ова финале. Нашето време допрва доаѓа. Историјата за мене не игра на теренот, иако колегата мисли поинаку. Севилја смета дека традицијата игра улога и тоа го почитуваме. За нив финалето е нешто вообичаено, за нас е нешто извонредно. Финале во Европа за Севилја е како првенствен меч, но за нас е историски настан“, кажа Мурињо пред вечерашниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА