Жозе Мурињо го доживеа најтешкиот пораз во кариерата со поразот од Бодо Глимт во Лигата на Конференции со 6:1.
Според „Кориере дело Спорт“, на паузата на полувремето, Португалецот им се „пуштил“ на играчите со навреди:
„Меѓу вас има играчи кои не би играле ниту тука во Норвешка, ниту во Серија „Б“, им рекол Мурињо, иако првиот дел заврши само 2:1.
Парадоксот е тоа што во второто полувреме Мурињо ги внесе во игра Кристанте, Абрахам, Мхитарјан, Шомуродов, Пелегрини, и тогаш се случи катастрофата.
Според најавите, овие зборови не им се допаднале на сопствениците кои закажале итен состанок со тренерот.
Инаку Мурињо им сервирал тренинг на своите фудбалери наутро, веднаш по враќањето од Норвешка и тоа тренинг кој траел два часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА