Мурињо ги стартуваше подготовките со Реал Мадрид и веднаш доби добри вести

Фудбалерите на Реал Мадрид денес ги започнаа подготовките за новата сезона 2026/26 со Жозе Мурињо. На прозивката на Португалецот се јавија голем број играчи, меѓу кои најзначајни се Трент Александар-Арнолд, Дин Хаусен, Раул Асенсио, Фран Гарсија и Едуардо Камавинга, кои не беа во составот за Светското првенство, додека најважните вести дојдоа од Белгија.

Тибо Куртоа, кој мораше да ја напушти играта во поразот од Шпанија, не е повреден и наскоро ќе се придружи на остатокот од тимот. Исто така, постојат информации дека Белгиецот наскоро би можел да го обнови договорот, кој истекува следното лето, исто како и Винисиус Жуниор.

Иако политиката на Флорентино Перез досега беше да ги обновува договорите на играчите над 30 години за една сезона, ситуацијата е поинаква со Куртоа како голман и тој би можел да остане уште многу сезони.

Жозе Мурињо исто така сака Белгиецот да му биде столб на одбраната и лидер од гол-линијата, па затоа нема сомнение дека Куртоа официјално ќе го продолжи договорот во наредните недели.

Тој пристигна во Реал Мадрид во летото 2018 година од Челси за 35.000.000 евра и дефинитивно е едно од најдобрите засилувања на Флорентино Перез во модерната историја.

Се вчитува...