Мурињо пред преселба во Франција?

Португалскиот тренер Жозе Мурињо доби понуда наредната сезона да го предводи тимот на Монако, пренесува францускиот „Л’екип“. Португалецот е без ангажман откако доби отказ од Манчестер Јунајтед, а неодамна спомена дека од јуни сака да се врати на работата која го исполнува.

„Сакам да триумфирам и во петта лига и да освојам Лига на шампиони со трет тим“, рече Мурињо. 

Како што пишува „Л’eкип“, Мурињо може кариерата да ја продолжи во Монако, бидејќи француската лига е една од тие кои што ги нема освоено. На клупата на тимот од кнежевството седи Леонардо Жардим, кој го предводеше клубот во сезоната 2016/17 кога беше освоена првата титула во домашното првенство по пауза од 17 години, а Монако таа сезона играше и во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Сезонава Монако игра лошо и се бори за опстанок во Лига 1, а токму поради тоа челните лица во клубот сакаат да донесат тренер од реномето на Жозе Мурињо.

Како можна опција се споменува и Лион, доколку „кнезовите“ не се договорат со „специјалниот“, но и доколку тој ги намали финансиските барања за плата од околу 10 милиони евра по сезона.

Се вчитува...