Мурињо гледаш? Манчестер јунајтед игра одлично… (ВИДЕО)

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер на најдобар можен начин дебитираше на клупата на Манчестер јунајтед во првиот натпревар откако го наследи Португалецот Жозе Мурињо.

Јунајтед, по заминувањето на Мурињо, одигра одличен натпревар триумфирајќи во 18. коло од Премиер лигата на гостувањето против Кардиф убедливо со 1-5. Јасно е дека противникот не е баш по комплетна мера за компарација со досегашната игра, но факт е дека „црвените ѓаволи“ демонстрираа игра, желба, агресивност на тим кој би се борел за место меѓу најдобрите на Островот.

Уште во првите половина час игра, со головите на Рашфорд и Херера гостите дојдоа до предност од 0-2…


Камарас намали на 1-2 во 38. минута, но Марсиал во 41. минута брзо ја врати предноста од два гола…

Во второто полувреме Лингард со два гола, од пенал во 57. минута и потоа во 90. минута, заокружи на конечни 1-5.

Со овие три бода, Јунајтед има 29 бода се уште далеку од водечките пет екипи во лигата.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...