Мурињо го бара „кртот“ во Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, иницирал внатрешна истрага во обид да го најде поткажувачот од редовите на Манчестер Јунајтед. Ова доаѓа откако во јавноста излезе планираниот состав на Јунајтед за дербито со Челси многу порано од официјалниот термин.

Ова е вторпат да „протечат“ стартните единаесетмина на Мурињо. Истото се случи и пред дуелот со Вест Хем. Само играчите и најблиските соработници на Португалецот го знаеле планот за почетниот тим.

Ова е нов проблем за Португалецот кој се соочува со слаби резултати сезонава, незадоволство кај дел од фудбалерите и полуотворена војна со една од најголемите ѕвезди во тимот.

Се вчитува...