Мурињо го чека казна, ги прекршил ковид протоколите пред мечот со Милан?

Тренерот на Рома Жозе Мурињо, би можел да се соочи со казна, откако било откриено дека ги прекршил ковид протоколите пред дуелот Рома – Милан. Тој влегол во својата соблекувална, и притоа одбил да ги мине сите проверки и протоколи.

Мурињо бил пријавен од полицијата поради неговиот потег. Според сегашните прописи, тимовите мора да дојдат на стадионот и да влезат на терен во два различни моменти, за да немаат никаков контакт меѓу себе. Меѓутоа Мурињо наредил на возачот на Рома да го отвори автобусот и да го пушти додека фудбалерите на Милан минувале низ задолжителните контроли. Мурињо влегол во соблекувалните со лекарот на Рома и покрај тоа што полицијата го предупредила да почека надвор и да ги мине контролите. Тој тоа не го сторил.

Неговиот тим претрпе пораз од Милан со 1:2, што на Мурињо беше прв домашен пораз во Серија „А“ по долго време.

Веднаш била превземена акција против тренерот, и сега се очекува да биде казнет.

Се вчитува...