Поранешниот тренер на Шкендија, Бруно Акраповиќ сега како стратег на Локомотив Пловдив, како што вели, имал незаборавен ден во својата кариера овозможен од дуелот со Тотенхем во 2. квалификациско коло за Лига Европа. Средбата и изненадувањето кое го добил од Жозе Мурињо за него оставиле силен впечаток кој ќе го памети целиот живот.
„Емоциите од тој меч се уште се свежи. Бевме толку блиску и до елиминација на еден Тотенхем, но не издржавме во последните минути со девет фудбалери на терем. Во секој случај тој ден ќе остане како еден од поквалитетните во мојата спортска кариера на кој секогаш ќе се сеќавам“ – вели Акраповиќ, дополнувајќи за изненадувањето од Мурињо.
„Пред мечот кажав во јавност дека мојот син е голем фан на Хари Кејн и дека само поради него нема шанси да го победиме Тотенхем. И после мечот ми следеше изненадување. Мурињо кажал за секој наш играч да има дрес од Тотенхем, дури и за мене специјално за мојот син со потпис од Хари Кејн. Тоа зборува за неговиот човечки квалитет затоа што најде време се секого. Ме изненади колку знае за нас, секој детал, стилот на игра… Беше задоволство да се има еден таков ден, иако на крајот резултатот беше разочарувачки за нас“ – вели босанскиот стратег.
А, Акраповиќ во сезоната 2015/2016 беше на клупата на тетовска Шкендија, која сега ќе се соочи токму со Тотенхем во 3. квалификациско коло од Лига Европа. По натпреварот во Пловдив, Мурињо низ краток разговор побарал информации и за Шкендија пред доаѓањето во Скопје, иако Акраповиќ беше пред четири години на клупата. Но, сето тоа дополнително зборува за професионалноста на Мурињо, кој дефинитивно ништо нема да остави на случајноста пред дуелот со македонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА