Мурињо го носи Немања Матиќ во Рома

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ е на списокот засилувања предвидени од Жозе Мурињо за следната сезона во Рома.

Како што е познато, Мурињо ќе ја преземе Рома по крајот на актуелната сезона, а еден од првите пикови му е Матиќ кого го водеше додека ги тренираше Челси и Манчестер јунајтед.

Покрај Матиќ, италијанските медиуми претходно објавија дека Мурињо во својот нов тим сака да ги види и Хуан Мата, Хојберг, како и шпанскиот голман Давид Де Хеа.

Се вчитува...