Мурињо го носи Слимани во Тотенхем

Тотенхем нема победа на последните четири натпревари во Премиер – лигата, а менаџерот Жозе Мурињо се обидува да ја реши ситуацијата со нов напаѓач. Повредата на Хари Кејн е сериозна и тој нема брзо да се врати на терените, па Португалецот бара алтернатива која ќе пристигне во Лондон оваа зима и ќе му помогне на тимот.

Ислам Слимани од Монако е желбата на Мурињо. Тој има искуство од Премиер – лигата со оглед дека во 2016 година го носеше дресот на Лестер и на 35 натпревари постигна осум гола. Две години подоцна кусо играше и за Њукасл, каде не успеа да се запише меѓу стрелците. Сепак, Мурињо верува дека тој би бил добро решение за напаѓачката криза во Тотенхем. Во опција е и враќањето на Фернандо Љоренте од Наполи во Лондон.

Се вчитува...