Мурињо го помножи Погба со нула: Воопшто не ми е гајле што мисли за мене!

Откако Пол Погба ја опиша врската со Мурињо и рече дека во еден момент тие биле во одлична комуникација, а потоа дека Жозе започнал да се однесува чудно, како и дека Солскјер, за разлика од Португалецот, никогаш не оди против неговите играчи, излезе и Мурињо со реплика на овој коментар.

Секако, по ремито со Евертон, кое го оддалечи Тотенхем од Лигата на шампионите, едно од новинарските прашања беше неминовно поврзано со изјавата на Погба.

„Навистина не ми е гајле што вели тој и што мисли за мене“, рече Мурињо, кој со Погба освои трофеи во Лигата на Европа и Лига купот.

Се вчитува...