Мурињо го продаде Блинд, прави место за Мегвајер

Жозе Мурињо подготвува нов ремонт во одбранбената линија на Манчестер јунајтед, откако португалскиот стратег даде зелено светло за заминување на Дејли Блинд во редовите на Ајакс. „Специјалниот“ ја намали сумата што ја бараше од 25 на 21 милион евра (16 при трансферот, пет преку неколку клаузули), со што дефинитивно стави крај на авантурата на Блинд во Манчестер. Холанѓанецот имаше позначајна улога кај Луј ван Гал, минутажата осетно му се намали кај Мурињо, па кога се укажа можност за враќање во Ајакс тој без размислување ја прифати понудата на својот поранешен клуб.

Заминувањето на Блинд ќе значи ангажман на нов дефанзивец на „Олд трафорд“. Планот тоа да биде Леонардо Бонучи се искомпликува со интересот на ПСЖ за Италијанецот, па Мурињо го сврте вниманието кон Хари Мегвајер, кој одигра извонредно за Англија на овој Мундијал. Лестер тврди дека одличниот одбранбен играч не е за продажба, но Јунајтед е подготвен да понуди 60 милиони фунти во обид да ја исполни желбата на својот стратег.

Се вчитува...