Мурињо го враќа Љоренте во Тотенхем

Шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте би можел да се врати во Лондон и повторно да го облече дресот на Тотенхем. Само шест месеци откако замина во Наполи, новиот менаџер Жозе Мурињо има идеја да го врати затоа што итно му е потребна замена за повредениот капитен Хари Кејн. Тој нема да се врати на терените пред средината на април, а Тотенхем и Мурињо ги очекуваат многу битки.

Љоренте не добива голема шанса кај Џенаро Гатузо откако се опорави Милик, па размислува сериозно за враќањето во Тотенхем. Тој беше дел од „спарс“ во периодот од 2017 до 2019 година, одигра 36 натпревари и постигна два гола.

Се вчитува...