Фудбалерите на Рома имаат водство од 1-0 на полувреме против Севилја во финалето од Лигата на Европа кое се игра на „Ференц Пушкаш“ арената во Будимпешта.
Првата убава шанса во натпреварот ја имаа „римјаните“, откако во 12. минута биеше Спинацола, но неговиот удар го спречи Боно.
Во 31. минута Немања Гудељ стартуваше над Тами Абрахам по што ВАР проверуваше дали има елементи за пенал. Сепак, по проверката главниот судија Тејлор не досуди пенал за „римската волчица“.
Сепак, Рома стигна до водство од 1-0 со погодокот на Пауло Дибала во 35. минута. Првата шанса Севилја ја имаше во 43. минута кога од по центаршутот од корнер на Ракитиќ, Ен Незири биеше над голот на рома.
Нова шанса Севилја имаше во 6. минута од судиското надополнување во првиот дел кога Ракитиќ одлично биеше од 20-тина метри, но топката заврши во стативата.
Sevilla 0 – [1] Roma – Paulo Dybala 34′ [UEFA Europa League, Final]
by u/CivillyWalk757 in soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА